Беснеат пожари во Калифорнија – најмалку десет лица загинаа

- Свет
1084

И понатаму беснеат шумски пожари во сојузната американска држава Калифорнија, до сега најмалку десет лица го загубиле животот. Стотици куќи се целосно изгорени, а илјадници жители морале да бегаат пред стихијата.

Најзафатен од пожарите е лозарскиот регион на Калифорнија.  Само во регионот на Сонома се регистрирани шест жртви, соопшти полицијата преку Твитер. Пожарникарската служба пријавила двајца загинати во Напа и еден во Мендосино.

Брзоширечките шумски пожари натераа во бегство илјадници жители од погодените области. Околу 20.000 луѓе ги напуштија своите домови и мораа да бидат евакуирани на безбедно место. Гувернерот Џери Браун претходно прогласи вонредна состојба проради природна непогода во делови од Калифорнија.

 

Facebook Коментари