На аукција „белешките за среќен живот“ од Алберт Ајнштајн

- Занимливо, Свет
828

Трагачите по вистинската среќа и нејзината суштина сега можат да се потпрат на перцепцијата за среќен живот на познатиот Алберт Ајнштајн. Станува збор за две кратки белешки кои  Ајнштајн му ги дал на хотелски курир во Јапонија во 1922 година, и кои ја содржат неговата тајна за среќен и успешен живот. Истите  утре ќе бидат понудени на аукција.

Ајнштајн ги напишал пораките додека престојувал во хотелот „Империјал“ во Токио. Во еден момент требало да му даде бакшиш на момче вработено во хотелот, затоа што таков бил обичајот,  но бидејќи немал ситни пари, или поради тоа што момчето одбило да прими бакшиш, генијалниот научник му напишал на лист хартија од хотелот две пораки на германски јазик.

– „Кога има волја, ќе се најде начин“ и „ Тивок и скромен живот носи повеќе среќа отколку трчање по успехот со постојан немир.“  гласат двете пораки.

Ајнштајн му рекол на момчето дека, можеби, овие две пораки по некое време ќе вредат повеќе отколку вообичаениот бакшиш.

Аукцијата ќе ја отвори Аукциската куќа „Винер“ од Ерусалим.

Facebook Коментари