Новинарка во Јапонија починала од прекувремена работа

- Свет
995

30 годишната новинарка Мива Садо вработена во јапонската национална телевизија НХК (со седиште во Токио) починала од прекувремена работа – стои во официјалниот извештај на истражителите.

Трагичниот настан се случил во јули 2013 та година, еден месец пред да и откаже срцето новинарката имала само два слободни денови и 159 прекувремени часа. Нејзините претпоставени  до сега го криеле овој случај, наводно поради почитување кон нејзиното семејство.

Веста за смртта на Садо (30) претставува нов притисок врз властите да го решат проблемот со големиот број смртни случаи предизвикани од прекумерна работа.

Официјалните податоци на Владата на Јапонија покажуваат дека од март 2014. до март 2015 година повеќе од 2.000 луѓе извршиле самоубиство поради стрес на работа.

Facebook Коментари