Почина руската оперска sвезда Дмитри Хворостовски

- Свет
1042

Руската, а во едно и светска  оперска ѕвезда, Дмитри Хворостовски почина синоќа во  55-та година од животот.

Во неговата музичка уметност своевремено имаше можност да ужива и македонската публика. Хворостовски во 2013 година настапи на свеченото отворање на Охридско лето, во Античкиот театар.

На познатиот  баритонот во 2015 година му беше дијагностициран тумор на мозок, а во 2016 година се повлече од сцената. Неговиот последен настап се случи во јуни годинава, на фестивал во Австрија.

Неговиот портпарол соопшти дека починал опкружен од семејството, во неговиот дом во Лондон.

Хворостовски беше еден од најпопуларните оперски ѕвезди, кој настапуваше на најголемите светски сцени и со најпознатите солисти и диригенти.

Strugaonline

Facebook Коментари