Работниот ден во Шведска ќе трае шест часа – за луѓето да бидат посреќни!

- Занимливо, Свет
969

Шведска постепено преминува на шестчасовен работен ден се со цел да ја зголеми продуктивноста и да ги направи луѓето посреќни – пишува британски Independent.

Работниците ширум Шведска веќе ја практикуваат оваа промена, а целта е работата да биде завршена во пократок период и да се загарантира дека луѓето имаат доволно енергија да уживаат во приватниот живот – пишува  порталот Science Alert.

Центрите на јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ во Гетеборг оваа пракса ја спровеле уште пред 13 години, компанијата потоа соопштила дека  благодарение на шест часовното работно време во оваа фирма луѓето биле далеку посреќни и значително бил зголемен профитот во тој период.

Шест-часовен работен ден пред две години вовела и компанијата Filimundus која развива апликации за мобилни уреди.

Според директоро на „Filimundus“, Линус Фелт, шестчасовниот работен ден ќе им овозможи на работниците да имаат доволно енергија за приватните обврски, нешто што (како што вели)  не е изводливо со осумчасовниот работен ден.

Facebook Коментари