Ричард Талер е добитник на Нобеловата награда за економија

- Свет
1057

Кралската шведска академија за науки соопшти дека Нобеловата награда за економија му ја доделува на американскиот научник Ричард Х. Талер.

Талер има 72 години и е професор на универзитетот во Чикаго. Со оваа престижна награда е одликуван  поради неговите придонеси во расветлувањето на однесувањето на полето на економијата односно психолошките фактори кои влијаат врз одлучите кои ги носат луѓето во областа на економијата.

Наградата се доделува заедно со останатите Нобелови награди, на 10 декември, денот кога е починат Алфред Нобел.

Facebook Коментари