Смртта на хрватскиот штрк Тесла, обедини 52 еколошки организации од Европа и Блискиот Исток да проговорат за илегалното убивање на птици на небото над Либан

- Свет
1041

Минатата година за време на пролетна миграција повеќе организации за заштита на птици објавија дека илјадници птици се убиваат за време на нивниот прелет во Либан. Алармот го вклучи убивањето на белиот штрк Тесла чијашто миграција ја следеше хрватско здружение за заштита на птици со ГПС околувратник од 2016-та година и беше убиен токму во Либан во пролетта 2017-та година. По овој настан љубителите на птици, еколозите и орнитолозите од многу земји во Европа и Блискиот исток ја започнаа петицијата „Безбедно небо над Либан за птиците преселници“. Оваа петиција беше насочена кон Претседателот на Либан и нивниот Министер за заштита на животната средина.

„Сега кога започнува пролетната миграција сите загрижено чекаме да видиме дали птиците преселници безбедно ќе се вратат во Европа. Скоро сите птици преселници кои го користат источниот Африканско-евроазиски прелетен пат ќе мора да го прелетаат Либан. Затоа Ви го испраќаме овој заеднички апел во име на 52 организации и Ве молиме оваа година небото над Либан да биде безбедно и да ги заштитите птиците преселници, се вели во петицијата испратена до Либанскиот претседател Michel Naim Aoun и потпишана од 52 организации.

Поради силните притисоци од еколозите либанската Влада во изминатиот период презема чекори за промена на Законот за лов со кој беше забрането убивањето на птици за време на миграција. За жал, илегалното убивање на голем број птици надвор од ловна сезона и само за забава продолжи, посочуваат повеќе здруженија за заштита на птици од Европа и Блискиот Исток.

Иницијативата за петицијата ја започна Хрватското здружение БИОМ а од Македонија на оваа петиција се приклучија Македонско еколошко друштво, Фронт 21/42 и Општината Чешиново-Облешево која е дел од Европската мрежата на села на штркови.

Оваа петиција ја поддржаа и околу 9200 граѓани на платформата change.org

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари