Видео: Земјотрес во Мексико, милиони луѓе останаа без струја

- Свет
945

Земјотрес со јачина од  7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико. Тамошните медиуми објавија дека во земјотресот нема жртви и не е причинета голема материјална штета.

Поради земјотресот, без електрична енергија останале милиони луѓе. Неколку илјади луѓе ноќта ја поминале на отворено поради страв од нови потреси.

Мексико се наоѓа на место на кое се спојуваат пет тектонски плочи и поради тоа земјотресите се чести.

Во септември минатата година овој регион беше погоден од два силни земјотреси кога имаше и загинати.

Facebook Коментари