Во овие земји најлесно се наоѓа работа

- Свет
987

Според извештајот на OECD каде како фактори се земени во предвид активната работна сила, смештај и работни места, следниве земји нудат најголема перспектива за луѓето кои бараат работа:

Исланд

Оваа земја има еднаков сооднос на активно вработени мажи и жени, но и најголем број на отворени работни места. Освен тоа, Исланд е земја позната по тоа што луѓето работат по две и повеќе работи одеднаш (хонорарно). Стапката на наевработеност изнесува 4%.

Шведска

Ова е втора земја по ред рангирана според бројот на луѓе кои спаѓаат во активна работна сила, но има и голем број на невработени луѓе за разлика од другите земји. Тоа е така поради тоа што Шведска нуди одлична помош за невработените. Стапката на невработеност таму изнесува 7,4%.

Норвешка

Оценета е како една од најперспективните ако сте во потрага по работа. Факултетските дипломи се голема предност , а стапката на невработеност изнесува 4,39%.

Колумбија

Оваа земја е добра за наоѓање работа но само за мажи, жените значително потешко наоѓаат работа. Стапката на невработеност изнесува 9%, а има и низок животен стандард.

Естонија

Некогаш комунистичка земја, а денеска покажува развојни трендови и станува лидер во Источна Европа. Стапката на невработеност изнесува 6,2 проценти.

Русија

Руската економија доживува процут, а и добредојдени се потенцијалните работници. Посебно оние кои имаат технички и инженерски професии.

Нов Зеланд

Се попопуларна земја кога станува збор за работа, таму еднакви можности имаат и мажите и жените, а стапката на невработеност изнесува 5,25%.

Швајцарија

Оваа земја е сон за многу работници поради одличните плати, работните услови и пензијата. Тамошната стапка на невработеност изнесува 4,48%.

Финска

Перспективата за работа во Финска е добра, но имаат малку повисока стапка на невработеност која изнесува 9,5% но, платите се одлични.

Канада

Ова е една од најпопуларните земји секако е Канада. Тамошната стапка на невработеност изнесува 6,9%, а интересно е тоа што жените полесно наоѓаат работа од мажите.

 

 

Facebook Коментари