Вооружен напаѓач пукаше во гимназија во Флорида – има загинати и повредени

- Свет
1031

Вооружен напаѓач вчера  пукаше во гимназија во Флорида при што има загинати, јавија американски медиуми.

– Осомничениот за нападот е приведен, изјави портпарол на полицијата.

Во порака на Твитер локалниот шероф наведе дека има најмалку 14 жртви од гимназијата Марџори Стоунман Даглас во градот Паркленд на Флорида, без притоа да прецизира дали се работи за загинати или повредени.

Уапсениот е ученик од тоа училиште.

Според американски медиуми, бројот на жртвите може да достигне и над 20. Претходно полицијата соопшти за најмалку еден загинат и 20 ранети.

Според странските медиуми, станува збор за 19 годишен напаѓач кој бил претходно исфрлен од училиштето поради недолично однесување, а бил одбиен и од неколку девојки. Според информациите, мотивот за нападот била одмазда, односно невозвратена љубов. Токму затоа денот на вљубените 14-ти февруари, напаѓачот го избрал за да го изврши нападот

Facebook Коментари