Денис и Стефани создаваат успешна музичка и љубовна приказна – Дуо #dis и на сцената и во животот

- Забава, Занимливо
5064

Во рубриката „Мојот избор“ која се емитува во склоп на емисијата „Слушај Плеј во 2“ ни гостуваа Денис Мурат и Стефани Стефановска.

Денис Мурат и Стефани Стефановска го живеат својот сон како  дуо #dis. Во приватниот живот споделуваат меѓусебна љубов, а на сцената со публиката ја делат љубовта кон музиката – така таа станува поголема.

Денис Мурат е роден на 18.11.1986 година во Охрид. Своето музичко образование го започнува од најмала возраст, во нижото музичко училиште во Охрид, свирејќи виолина. Иако патот не го одвел во музички институции, неговата врска со музиката станува трајна и нераскинлива.

„Се усовршував со изучување различни инструменти и со живите настапи низ Македонија. Свирев тапани, гитара и пеев во неколку различни состави. Настапував на реномирани фестивали тука, но и надвор од државата. Исто така се промовирав и преку спотови. Најмногу ми помогнаа настапите на „Македонскиот Идол“, како за време на неговото емитување, така и долги години подоцна. Освен популарност, таму доживеавме и големо искуство, на сцена, зад неа и секако создадовме  пријателства.“ – вели Мурат за градењето на неговата соло кариера.

Потоа следи нов момент, професионално спојување со дамата која во приватниот живот му е  понежна половина, а во исто време и партнерка на свирките. Заедно со Стефани Стефановска го оформуваат дуото #dis

Стефани Стефановска е родена на 16.01.1992 година во Скопје. Со музика се занимава откако знае за себе. Во нижото музичко училиште, потоа во средното и на Факултетот за Музичка уметност, завршува на Вокално инструменталниот оддел, на отсекот Пијано. Зад себе има многу награди и настапи на државно и меѓународно ниво, како солист, како дел од пијано дуо или како хорист.

„Моментално, во истата институција, им го пренесувам знаењето на најмалите клавиристи. Пеењето на свирки никогаш не ми биле приоритет. Но, спонтано се случи да пеам во бенд подолго време. Тоа ми донесе поразлично искуство, иако со моменталните свирки, почнав да се пронаоѓам себеси, како во стилот на музиката, така и во стиловите на пеењето. Долго време се мислевме дали да оформиме дует. Не целевме високо, работевме и се уште работиме од љубов.“ – вели Стефани за музичкото спојување со Денис.

Нивните  енергии се толку добро споени што флуидот е видлив и за пошироката публика. Секаде се прифатени одлично, затоа што се искрени и имаат репертоар прифатлив за сечие уво.  За рубриката „Мојот избор“ во емисијата „Слушај плеј во 2“ ги избраа следниве песни:

01. Sting – Fields of Gold

02. Sam Smith – Stay With Me

03. Jassie Ware – Say You Love Me

Доколку сакате дуото #dis да се дел од вашите забави, контактирајте го Денис.

StrugaOnline

Facebook Коментари