EXIT ја полни тврдината: Стигнуваат осумкратните добитници на Греми, најголемите хитови и жестоки бендови!

- Забава
726

Откако ја објави новата ера на Денс Арената со можеби и најголемата техно екипа досега, EXIT продолжува со високото темпо на објави уште од самиот старт на годината! Новиот бран го предводи јамајканскиот реге крал и осумкратен добитник на Греми наградите Ziggy Marley, наследникот на вечната икона и на својот татко Боб Марли со чии песни всушност и настана овогодишното фестивалско мото „EXIT Freedom“! Покрај него пристигнуваат и најголемите хитови во овој момент, кои ги носат актуелните ѕвезди како што се во моментов најбараната рок кантавторка Alice Merton, хитмејкерот во стреловит подем Jax Jones, популарното рок-хаус дуо Ofenbach, ориенталниот хаус маг Mahmut Orhan и сопственикот на најзаразниот клупски хит на денешницата Burak Yeter! На тврдината во јуриш се упатуваат и жестоките бендови како што се американските рап-хардкор родоначалници Dog Eat Dog, новите британски панкери без влакна на јазикот Slaves, легендарните германски хеви-металци Grave Digger, бостонските хардкор херои Slapshot, бруталните бристолските панкери Idles, живата метал икона Asphyx, најголемиот Motorhead tribute bend Bombers, како и бројни други со намера сериозно да згрмат од Fusion и Explosive бините.
Прв кој ќе ја најави овогодишната исклучително богата и разновидна програма на главната бина на Петроварадинската тврдина ќе биде живиот реге крал Ziggy Marley! Иако неговиот татко е кралот Боб недопирлив на својот вечен, небесен трон, најстариот син David Nesta, на кој му го даде надимакот Ziggy по тогаш актуелниот псевдоним на Дејвид Боуви, го зголеми семејното наследство со неверојатни 27 албуми и рекордни осум Греми награди што на ниту еден друг реге музичар не му успеало пред него. По повеќе од три децении на сцената, Ziggy Marley е неприкосновена инкарнација на јамајканскиот реге лав, кој покрај пренесувањето на музиката ширум светот, ја води и големата хуманитарна организација U.R.G.E. која помага на децата во Јамајка и Африка. На главната бина доаѓа и незапирливата рок авторка на новата генерација Alice Merton чија химна „No Roots“ силно одекна како еден од апсолутните хитови кои ги покори прво европските, а потоа и американсата топ-листа! Канаѓанката која пораснала во Германија и Англија, за своите 24 години, се преселила дури 12 пати во 11 различни градови, за токму со автентичната приказна за номадските искуства да го освои светот и да го промени животот речиси преку ноќ. Неверојатно е дека скоро сите водечки светски фестивали оваа година ја поканија да настапи, а од нејзиниот прв албум се очекува да ги сруши сите рекорди на продажба на првенец, токму како што тоа лани го стори Rag’n’Bone Man, а чиј денешен статус е зациментиран во светските хедлајнери.
Хитовите во Нови Сад ги носи и хаус ѕвездата Jax Jones чиј сингл „You Don’t Know Me“ е номиниран за БРИТ наградата откако веќе година дена не се симнува од радиските бранови, а неуморниот Англичанец веднаш продолжи со подеднакво заразниот хит „Instructions“ на кој гостува Demi Lovato. Феноменот продолжи и со актуелниот сингл „Breathe“, а неговата соработка со Duke Dumont на хитот „I Got U“ на обајцата им донесе номинација за Греми! Како е тоа својата песна да ја слушаш на секој чекор, одлично зане и францускиот диџеј дует Ofenbach без чиј хит „Be Mine“ не беше можно да се замисли ова лето! Идејата да го спојат рокабили звукот со хаус музиката внесе вистинска свежина во летните месеци, а нивниот актуелен хит-сингл „Katchi“ ги загрева зимскиве денови како во моментов една од најбараните светски песни на Shazam! А директно од морските фестивали Sea Star и Sea Dance на главната бина на Exit стигнува и Mahmut Orhan, творецот на мегахитовите „Feel“ и „Save Me“, но и на официјалниот ремикс на темата од серијата „Game of Thrones“ кој беше неизбежен летен хит на плажите во времето додека целиот свет на екраните ја следеше седмата сезона. Нему ќе му се придружи и подендакво бараниот хитмејкер од Амстердам, кој исто така има турско потекло, Burak Yeter, чиј сингл „Yesterday“ речиси со хипнотичко дејство изби меѓу најслушаните песни во годината зад нас.
Fusion, една од омилените бини на EXIT фестивал, ќе израдува со продорниот панк звук на исклучително актуелните гитарски бендови! Младите музичари Slaves, на EXIT ги носат енергетски преполните панк торпеда „The Hunter“, „Cheer Up London“, а овие денови го издадоа и третиот албум „Beautiful Death“. Бристолската панк сензација, бендот Idles, која експлодира минатата година, ја освои публиката и критиката со првенецот „Brutalism“. Гардијан ги нарече фуриозни и возбудливи, „со гитари кои можат да го срамнат градот со земја“, додека Би-би-си ги вклучи меѓу албумите на годината. Колкав „бум“ направија, говори и фактот дека Foo Fighters неодамна ги повикаа да им бидат единствена предгрупа во лондонската О2 арена!
Жестоко ќе биде и на Explosive бината позната по секогаш фуриозната програма, бидејќи публиката до срж ќе ја раздрма познатиот американски бенд Dog Eat Dog кој мајсторски ги поврзува хардкор и рап звукот, германските хеви-метал пионери Grave Digger, како и планетарно популарните Bombers – Motorhead tribute bend чии членови се ѕвездите од светската блек метал сценаAbbath од ex Immortal бендот на бас, Tore од Old Funeral на гитара и Pez на тапани! Помеѓу експлозивните состави е и легендарниот бостонски бенд кој ги постави стандардите на хардкор сцената – Slapshot, и иконите на death metal сцената Asphyx кои премиерно ќе настапат на овие простори! На EXIT фестивал стигнува и едно од најсилните панк психоделик имиња The Hellfreaks, метал индустријал составот од Словенија Noctiferia, рускиот готик-дум состав Little Dead Bertha и најзвучното домашно метал име The Stone! На Explosive стигнуваат и нишките дум-метал пионери The Bloody Earth, белградскиот панк состав Pogonbgd и еден од најактивните млади метал бендови на српската сцена Nemesis!

Фановите ја продолжија празничната акција до 26-ти јануари!
Поради огромниот број на пораки од фановите на социјалните мрежи, најголемата празнична акција „1 влезница = 5 фестивали“ е продолжена до крајниот датум, 26-ти јануари! EXIT Freedom 2018 се сочинува од дури пет фестивали во пет земји: EXIT, Festival 84, Sea Star, Revolution и Sea Dance, а сите досегашни и идни купувачи со EXIT влезница по промо цена од само 3580 денари, добиваат влез на останатите четири фестивали, со кратка регистрација. Влезниците се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат), а на сајтот на официјалната туристичка агенција exittrip.org достапни се и туристички пакети кои покрај влезница, содржат и опции за сместување и превоз.

Strugaonline

Facebook Коментари