Концерт на „The Black & Vice Social Club“ во Охрид

- Забава
719

Најпознатиот алтернативен рок бенд од Македонија, The Black & Vice Social Club од Скопје, за прв пат ќе одржи самостоен концерт во Охрид. Бендот кој се изразува преку интензивна, енергична, современа рок музик, доаѓа во недела, 11-ти февруари, во Центарот за култура “Григор Прличев”.

Инспириран од лични искуства, надворешни околности и случајни појави, бендот дава моќни и сурови перформанси на интензивни рок-песни со значајни текстови. Основан во 2013 година и активен во сегашната постава од есента 2014 година, бендот објави еден студиски албум под името “Until the road is a dead end” во декември 2015 година, проследен со кратка промо турнеја низ Балканот, како и како бројни концерти во Скопје и повеќе градови низ Македонија. Албумот беше номиниран за најдобар албум за 2016 на Македонските Алтернативнни Награди.

Концерот е закажан за во  21:00 часот, а цената на влезниците изнесува 150 денари.

Извор: Оhridnews

Strugaonline

Facebook Коментари