Со концерт на Фолтин во петок завршува проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“

- Забава
838

Со концерт на групата Фолтин кој ќе се одржи во петок (19-ти јануари) на празникот Богојавленије-Водици, завршува проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“. Концертот ќе се одржи на градскиот плоштад во Охрид со почеток од 21:00 часот.

Проектот започна на 20-ти декември и во текот на изминатиов месец на Охридска сцена настапија многу музички sвезди, домашни бендови, пејачи од забавната и фолк сцената, а на  големиот христијански празник Божиќ свој концерт имаше познатиот Сергеј Четковиќ. За Стара Нова година, незаборавна ноќ за публиката во Охрид приреди групата Љубојна. Во склоп на проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ беа задоволени сите музички вкусови, а Охриѓани и гостите се покажаа како одлична публика.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари