Лидерите на светската електронска сцена Пол Калкбренер и Нина Кравиц на Си Денс!

- Забава
936

Апсолутните лидери на денешната светска електронска сцена Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner) и Нина Кравиц (Nina Kraviz), доаѓаат за прв пат во Црна Гора на овогодишното, петто јубилејно издание на Си Денс (Sea Dance) фестивалот, кое ќе се одржува во нов термин, од 30-ти август до 1-ви септември и на нова локација – прекрасната плажа Буљарица кај Будва во Црна Гора! Еден од најголемите светски електронски продуценти Пол Калкбренер, познат е по хедлајнерските настапи на најголемите фестивали и стадионски спектакли пред десетици илјади луѓе, кои пред него беа резервирани само за најголемите светски бендови како што се Ролинг Стоунс и Ју-Ту. Во историјата на музиката ќе остане запаметен неговиот настап по повод одбележувањето на 25 години од падот на Берлинскиот ѕид пред пола милион луѓе, што уште долго време ќе остане недостижна бројка и за најпознатите светски имиња. Покрај него, настапот на Си Денс го потврди и водечката диџејска ѕвезда на денешницата и ненадмилнивата икона на електронската сцена – Нина Кравиц. За нејзиниот подем на музичкиот Олимп најдобро говори признанието на Миксмаг (MixMag), еден од најпрестижните медиуми за електроснка музика, кој и официјално ја прогласи за најдобар диџеј на светот! Водечките електронски фестивали (Awakenings, Time Warp, Movement и други), ја запишаа како своја неоспорна хедлајнерка, а меѓу најдобрите фестивалски моменти запишан е и епскиот настап на Егзит каде ја приреди веројатно и највпечатливата глетка во историјата на Денс Арена за време на која десетина илјади луѓе восхитено го скандираа нејзиното име повикувајќи ја два пати на бис во атмосферата налик на најголемите стадионски рок концерти.

No Sleep, омилената фестивалска бина на сите љубители на врвниот звук, оваа година ја предводи една од водечките техно ѕвезди на новата генерација Dax J, како и главните актери на француската техно сцена Antigone, Francois X и Shlømo, додека за современиот хаус звук ќе бидат задолжени калифорнискиот маг Eagles & Butterflies и руската ѕвезда во стреловит подем Sofia Rodina! Покрај нив пристигнува и цела плејада ударни регионални имиња како што се LagVakat AKA Aleksandar Grum, Forest People, Gillerz & Be Good, Sugar Lobby, Monosaccharide, Bodzie, Popi Divine, Mr. Lekka, Buba, Vegim & Flekitza, Ana RS, TZ Project, ČX, Sabinaa и Jan De R кои ќе ја држат публиката без сон од 30-ти август до 1-ви септември на преубавата тиркизна плажа кај туристичкото место Буљарица.

Влезниците за овогодишното петто издание на Си Денс Фестивал во Македонија се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс по цената со 60% попуст, по 1.650 денари! Повеќе информации се достапни на официјалниот сајт на фестивалот www.seadancefestival.me .

Strugaonline

Facebook Коментари