Со мотото „Од заедницата, за заедницата“ започна гласањето за #ТвитерНагради 2017

- Забава
835

 

Започна изборот на најдобрите корисници на социјалните медиуми

Шеста година по ред ќе се одржува настанот на кој се прогласуваат најдобрите корисници на социјалната мрежа твитер, а од годинава како новитет се воведени категории кои ќе опфаќаат и други социјални мрежи, како што се Инстаграм и Фејсбук. Освен тоа, од оваа година ќе се биде опфатена и една растечка категорија на корисници и создавачи на видео содржна на интернет – видео блогерите т.н. влогери.

Низ годините на манифестацијата Твитер и Блогираме награди добитници биле повеќето позначајни чинители од сферата на интернет просторот во Р. Македонија, а во последните години и во телевизискиот и радио просторот. Карактеристично при изборот на најдобрите е дека корисниците сами номинираат и сами одлучуваат што е најдобро и никој никогаш нема да интервенира во нивниот избор и да одлучи поинаку. Односно, десетте корисници кои што се највеќе пати предложени во секоја од категориите се номинирани за гласање за избор на најдобрите. Мотото останува исто „Од заедницата, за заедницата“. Гласањето започна на 20-ти ноември, а ќе трае до 12-ти декември, 2017 година.

Организирањето на овој настан има има за цел да прерасне во меродавна манифестација која ќе ја мери успешноста на целокупниот интернет простор, вклучувајќи ги корисниците на социјалните мрежи, веб сервисите и веб и мобилните апликации.

Најважно од сѐ, овој настан има хуманитарна цел, односно не се наплаќа влез со цел посетителите да донираат средства за хуманитарни цели.

Оваа манифестација е во организација на Блокираме.мк, а вие можете да гласате ТУКА

 

Твитер Изборна Комисија, порача: “Се гледаме на 16-ти декември, 2017 година во Кино Фросина“.

Strugaonline

Facebook Коментари