На Си Стар Фестивал гостува двократниот број 1 светски диџеј – Пол Ван Дајк!

- Забава
1027


Ѕвездениот состав на вториот Си Стар (Sea Star) фестивал денес добива зајакнување од соништата. Двократниот носител на титулата за најдобар светски диџеј, една од првите супер ѕвезди во електронската музика што успеа од „андерграунд“ да ја внесе на голема врата на „мејнстрим“ сцената, соработник со легенди како што се Ју-Ту, Мадона и Депеш Мод, повеќе пати номиниран за Греми и сопственик на милионски изданија, добитник на орден на честа од градот Берлин, величенствениот Пол Ван Дајк, е новиот хедлајнер на Си Стар фестивал.

Покрај овој гигант на електронската музика, во лагуната Стела Марис доаѓаат и творците на ултимативните радио хитови, Филатов и Карас (Filatov & Karas) како и домашните поп-ѕвезди, Детур (Detour) и Борис Шток (Boris Štok). Фантастичниот нов бран ја засилува големата врева што ја кренаа Димитри Вегас и Лајк Мајк, Д Хртс, Робин Шулц, Дисајплс, Офенбах, Трам 11 и регионалните хип-хоп херои кои ќе го окупираат вториот Си Стар фестивал од 24-ти до 27-ми мај.

Електронската светска супер ѕвезда Пол Ван Дајк уште од раните деведесетти ги поставува светските стандарди како ди-џеј. Роден во времето на комунистичката ера во поранешна Германска Демократска Република, уште како млад тајно слуша електронска музика која во тоа време оди на забранетите западни радио станици, кои како што и самиот тврди, се заслужни за неговото музичко образование. Тој е еден од најголемите поборници за германското обединување по падот на Берлинскиот ѕид, а својот прв диџејски настап го остварува во култниот берлински клуб Трезор, во 1991 година. Во краток рок ја стекнува популарноста со мегахитот „For An Angel“, една од најголемите и највлијателните електронски траки на сите времиња. Зад себе има осум студиски албуми продадени во повеќе милионски изданија, а во текот на кариерата има работено со ѕвезди како што се Ју-Ту, Мадона, Депеш Мод и Џастин Тимберлејк. Со вроден талент за сценскиот настап, Пол е еден од артистите со најмногу остварени настапи низ светот, повеќе дури и од Боб Дилан, Металика, Аеросмит и Ролинг Стоунс!
Познатиот портал Диџеј Маг два пати го има прогласено за број еден во светот, а може да се пофали и со тоа дека е меѓу првите ди-џеј супер ѕвезди кои заработиле Греми номинација за тогашната нова категорија, Најдобар Денс/Електронски албум, за своето издание „Reflections“ (2003). Три години подоцна добива орден на честа од градот Берлин, лично врачен од градоначалникот. По 30 години богата кариера и понатаму е продуктивен и студиски – последниот албум „From Then On“ од крајот на минатата година, го потврдува како авторитет не само на транс, туку и на електронската музика воопшто.
Продуцентите и диџеи со бројни платинум изданија, Филатов и Карас доаѓаат од Москва. Откако десет години работат во соло проекти за важни издавачи како што се Јуниверзал Мјузик, Ворнер Мјузик, Ултра и многу други, во 2012 година конечно ги здружуваат своите сили. Првиот голем успех им се случува во 2015 година со ремиксот „The Good, The Bad And The Crazy“ на француската пејачка Имани. Набрзо потоа, ремиксот на нејзиниот интернационален хит „Don’t Be So Shy“ им го носи првото платинесто издание и станува една од најпопуларните песни на музичката платформа Шазам, како и на радио станиците низ Европа. Ова хаус дуо гостува на најголемите светски фестивали, а како свое музичко влијание ја наведуваат музиката од 80-тите и 90-тите, итало-диско музиката и прогресивниот хаус од раните 2000-ти. Со последниот сингл, „Time Won’t Wait“ го соборуваат сопствениот рекорд кој моментално има 60 милиони прегледувања на „ЈуТјуб“.

Електро акустичниот поп бенд Детур повеќе од 10 години царува на овие простори. Со првите три албуми се наметнаа како водачи на новиот бран регионални поп хитови, како што се, „Srce veliko“, „Snijeg“, „Daleko“ и  „Plešem sama“. Повеќекратните добитници на хрватската дискографска награда „Порин“, ги освежија редовите со младата, талентирана пејачка, Џина Викторија Дамјановиќ и доживејаа нов полет со мегахитот „Zaljubila sam se“ кој во 2017-та е прогласен за песна на годината. Еден од најпрепознатливите гласови на хрватската сцена, докажаниот мајстор Борис Шток пак, е ко-основач и долгогодишен член на повеќекратно наградуваната група Quasarr, кој соло кариерата ја започнува со синглот „Ove misli“ во 2017 година.

Влезниците со поволна цена, може да се купат најдоцна до полноќ, 22-ри спрема 23-ти март, по подарок цена од 2.300 денари, што е попуст од 50% од финалната цена! Влезниците во Македонија се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

Facebook Коментари