Објавена е финалната листа: EXIT изгласан меѓу најдобрите фестивали и организатори во Европа!

- Забава
1065

На официјалниот избор за најдобри фестивали во Европа (European Festival Awards) на кој учествуваат вртоглава бројка од 350 фестивали од повеќе од 35 земји на стариот континент, сите четири фестивали во организација на EXIT тимот се изгласани меѓу десетте најдобри, секој во својата категорија! EXIT со гласовите на публиката и деветта година по ред е избран во 10 најдобри фестивали во Европа и тоа во главната категорија за „Најдобар голем фестивал“ заедно со останатите гиганти како што се белгискиот Tommorowland, холандскиот Lowlands, германскиот Wacken Open Air или унгарскиот Sziget.
EXIT доби и уште две големи признанија од страна на стручното жири со дополнителни две номинации во две специјални категории, „Take a Stand!“ наградата за општествено ангажирано делување, но и за најдобар организатор на ниво на цела Европа! Причината лежи во тоа што сите четири фестивали во организација на EXIT тимот, Sea Star во Хрватска, Revolution во Романија, EXIT во Србија и Sea Dance во Црна Гора, се изгласани меѓу десетте најдобри во Европа, секој во својата категорија. Со номинациите и за двете специјални награди, EXIT тимот има вкупно дури шест номинации од вкупно 12 различни награди за најдобрите фестивали!

Премиерното издание на Sea Star фестивалот во Умаг по незаборавните четири дена остави одличен впечаток кај повеќе од 50.000 посетители па хрватскиот настан е во финалето за „Најдобар нов фестивал“ заедно со Cactus фестивалот од Белгија и португалскиот Waking Life, додека романскиот Revolution трета година по ред е во финале за „Најдобар мал фестивал“. Sea Dance, кој уште првата година ја освои оваа престижна титула, и оваа година се најде во финалниот избор на десет најдобри во категоријата до 40.000 посетители дневно.
Победниците ги одбира публиката од цела Европа, заедно со стручното жири, во кое членуваат истакнати поединци од светот на фестивалската индустрија, а листата на сите финалисти можете да ја видите на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди. Прогласувањето ќе биде на церемонијата за доделување на наградите во Гронинген во Холандија на 17-ти јануари 2018-та. EXIT оваа награда ја освои во 2013-та година, додека Sea Dance својот прв фестивалски „Оскар“ го доби во 2014-та година.
12.12. – Стигнуваат првите EXIT влезници со 60% попуст!
Во вторник 12-ти декември, стигнуваат и првите EXIT влезници по подарок цена од 3.580 денари, што е заштеда од рекордни 60% во однос на нивниот финален износ! Првите влезници за EXIT секоја година се распродаваат за само неколку часа, а нивната следна цена ќе биде автоматски зголемена откако најбрзите ќе го разграбаат овој прв контингент. Влезниците во Македонија ќе се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс, во ЈУГОТОН (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

Strugaonline

Facebook Коментари