Познат е целосниот line-up за SKOPJE CALLING 2018

- Забава
971

Aвалон продукција го најави  финалниот line-up за четиридневниот фестивал SKOPJE CALLING 2018.

Фестивалот го отвораат AXWELL & INGROSSO на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а за Вас како специјално изненадување, ја потврдивме и денес тоа и ви го најавуваме- големата француска атракција NOUVELLE VAGUE, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер!

На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.

Фестивалот ќе биде затворен со последната голема ѕвезда на електронската музика, ALAN WALKER, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.

„Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија!“ – велат од Авалон продукција

ВАЖНО: Сите оние што имаат купено влезници за ALAN WALKER за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.

Од продукцијата информираат  дека локациите за настапите на SISTER BLISS и ROGER SANCHEZ ќе бидат објавени следната недела!

Цените на влезниците за настаните се следни:

AXWELL & INGROSSO:

ПАРТЕР 2- 1000 денари

ПАРТЕР 1- 1500 денари

ФАН ПИТ- 2000 денари

MORCHEEBA & NOUVELLE VAGUE:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

TEXAS & DARKO RUNDEK:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

ALAN WALKER:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

Исто така, од понеделник, 28 мај, ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од:

ПАРТЕР- 2000 денари

ФАН ПИТ- 3000 денари

Извор: Авалон продукција

Facebook Коментари