Rag`n`Bone Man во мај доаѓа во Скопје!

- Забава
842

Eдна од најактуелните светски ѕвезди во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag`n`Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски“, на 11ти мај.
Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag`n`Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, вклучувајќи ја и Македонија – информираат од Авалон продукција
Rag`n`Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human“, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата! Хит синглот „Human“ кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube.
Покрај тоа што Rage`n`Bone Man годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.

Од Авалон продукција информираат дека влезниците за концертот на Rag’n’Bone Man ќе бидат пуштени во продажба од 6ти октомври (петок) точно во 9 часот, по цени од:

ПАРТЕР 600 денари
ФАН ПИТ 990 денари
ТРИБИНИ 1200 денари
ВИП 1500 денари

Влезниците можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон и онлајн.

Извор: Авалон продукција

Strugaonline

 

Facebook Коментари