Талентот последен умира! Една година на радио емисијата “Не спомви имиња” со Бато Деко на Плеј Радио

- Забава
2306

Од баристичко шанкерските зафати кои го пратат долго време до 23 годишното искуство во музиката творејќи со разни бендови низ безброј свирки и настапи. Од добропознатиот „Албум“ со најдобрата екипа која направи долго да се зборува за ова место до организација на алтернативни фестивали и творење авторска музика, од басаџиски муабети до графички дизајни на еден мал куп постери, флаери, логоа. Од татко на две деца до анимирани стрип интервенции и видео монтажи, од новинарска работа во strugaonline.mk до Play Radio.

Од упорност до идеа, од 1 до 263… емисии, или поточно една година од емисијата “Не спомви имиња” со Бато Деко…

Талентот умира последен не откажувајте се, стегни рима добро да штима, понеси позитивни вибрации и нештото ќе се случи, сами го креираме местото за живеење. Дајте му малку шмек на градот и бидете покултурни и фини со сите. Исфрлете го кичот веќе еднаш, и престанете да трачарите глупости од политички карактер… престанете да загледувате… така не се живее во мало место. Се наоѓаме во едно тешко време во кое мора да се поддржуваме и  да враќаме со добрина на се, тркалото врти во малиот град со него вртиме и ние, со него вртиш и ти, ако не го одржуваш тоа ќе застане а со тоа и нашата лична мотористика која не движи низ животот. Да го направиме ова место поубаво за живеење да го преполниме со културни настани ако не за нас барем за нашите деца ни рече Дејан Јанкоски или Бато Деко како сакате.

По повод една година од емисијата екипата од Play Radio оваа сабота на 04.03. во мезе бар „Барабар“ ќе се потруди да направи една одлична забава за Стружани.
264-то издание на „Не спомви имиња“ ќе се емитува во живо од местото на настанот директно на 90.4 ФМ, старт 22:00 часот.
Line up: Dj Dimitar * Dj Backo * BatoDeko

ONLINE RADIO PARTY – ON AIR from MezeBar Barabar

Благодарност до: Sportski Centar Forma Vita, Barabar Meze Bar, Ресторан Арбери,
Avto Peralna RAFTO, Oskar Plast, Gideonfashion Rebecca, Kia Elektroniks.

Facebook Коментари