Утре ќе се одржи големото евровизиско финале во Лисабон

- Забава
843

Утре со почеток во 21:00 часот ќе се одржи големото евровизиско финале на 63-то издание на Евросонг кое годинава се одржува во  Лисабон, Португалија. Од вкупно 43 земји учеснички,  во финале ќе настапат 26 земји,  по 10 од двете полуфинални вечери,  домаќинот Португалија и големата петторка.

Откако синоќна заврши втората полуфинална вечер, комплетиран е списокот на финалисти кој што ги содржи следниве земји: Украина, Шпанија, Словенија, Литванија, Австрија, Естонија, Норвешка, Португалија, Велика Британија, Србија, Германија, Албанија, Франција, Чешка, Данска, Австралија, Финска, Бугарија, Молдавија, Шведска, Унгарија, Израел, Холандија, Ирска и Кипар.

Како и секоја година, и оваа имаше фаворити кои не влегоа во финале, но и фаворити кои успеаа да се најдат во финалната вечер и ги оправдаа прогнозите на верните евровизиски фанови ширум светот.

Strugaonline

Facebook Коментари