Денеска е петок 13-ти – од каде потекнува суеверието за овој ден?

- Занимливо
50

Петок 13-ти според многумина се смета за несреќен ден. Суеверието за овој ден е распространетo во многу земји во Европа, Северна и Јужна Америка. Луѓето кои имаат суеверие за овој ден најчесто не потпишуваат никакви договри, избегнуваат патувања и не преземаат никакви чекори кои ги сметаат за важни.

Како најубедливо  верување за потеклото на митот за петок 13-ти, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.

Во низата верувања за овој ден е и  тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера.

Суеверието за овој ден го поттикнува и филмската индустрија  co холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.

Facebook Коментари