Јапонска компанија им дава подолг годишен одмор на своите вработени кои не пушат цигари

- Занимливо
1091

Јапонската компанија   „Пијала Инк“ пронашла одличен начин да ги мотивира своите вработени да се откажат од цигари. Раководството на фирмата донело одлука да им даде шест денови плус во предвидените денови за годишен одмор на своите вработени непушачи. Ова произлегло откако вработените кои ја немале оваа штетна навика се пожалиле дека нивните колеги кои пушат цигари работат помалку, а со оглед на тоа дека фирмата се наоѓала на 29-от кат од деловна зграда, а пушачите имале право да палат цигари само во подрумот, нивните паузи за една цигара траеле и по 20 минути. Раководството ги разгледало поплаките и решиле да ги наградат непушачите со плус шест дена годишен одмор, а истовремено на овој начин сакале да ги мотивираат другите да се откажат од цигарите. Се чини и успеале во тоа затоа што 30 врабтоени непушачи во „Пијала Инк“ веќе имаат добиено подолг годишен одмор, а четворица ги откажале цигарите.

 

Facebook Коментари