Клепетан пристигна кај Малена – најубавата љубовна приказна во Хрватска продолжува

- Занимливо
1409

Продолжува најубавата љубовна приказна во Хрватска. Сигурно ја знаете приказната за штрковите Клепетан и Малена – љубов која таре 16 години. Клепетан секоја година на крајот на месец март доаѓа во гнездото на Малена, а таа со радост ги шири крилјата, затоа што цела година со нетрпение го очекува својот партнер. Во последниве години Клепетан почна да доцни по неколку денови, па минатата година многумина помислија дека угинал и дека нема да стигне кај својата голема љубов. Но, тој за среќа се’ уште е жив и верен на својата љубов. И годинава стигна со мало задочнување

Тој вчера околу 10:30 часот слета во гнездото на покривот на училишната зграда, а Малена го дочека со раширени крилја.

-Навистина, Клепетан доцни некои 3 или четири дена во годината. Патот му е долг, над 13.000 километри треба да прелета и да избегне бројни замки. Денес иако не го очекував, тој пристигна. Нема посреќен од нив и секако од мене. Среќата и љубовта, по долгата зима повторно е во нашиот двор, изјавил Стјепан Вокиќ  за хрватските медиуми.

Луѓето за  лојалност треба да  учат од штрковите, за нив е познато дека имаат еден доживотен партнер.

Strugaonline

Facebook Коментари