Колку пари му се потребни на просечен Балканец за да биде среќен?

- Занимливо
902

Колку парите придонесуваат за благосостојбата на поединецот? Според едно истражување парите имаат големо влијание врз среќата на луѓето, а тоа колку пари ви се потребни за да бидете среќни, зависи од местото каде што живеете.

– Можеби делува изненадувачки, бидејќи често ни кажуваат дека нема ограничувања кога зборуваме за тоа колку пари ни се потребни за среќа, но сега гледаме дека сепак тие постојат, вели Ендрју Џеб, автор на истражувањето.

Џеб и неговите колеги користеле податоци од анкета спроведена од Галуп, во која што учествувале повеќе од 1,7 милиони луѓе постари од 15 години од 164 држави во светот.

Учесниците одговарале на прашања во врска со задоволството со своите животи и благосостојба, како и во врска со куповната моќ.

Додека емотивната благосостојба се однесува на дневните чувства на среќа, возбудување, тага или бес, севкупното задоволство од животот во голема мерка е под влијание на поставените цели и споредувањето на имотот со останатите.

Истражувачите откриле дека идеалниот годишен приход за севкупно задоволство во просек изнесува околу 95 илјади долари годишна, а помеѓу 60 и 75 илјади за емотивна благосостојба.

Сепак, тоа варира во зависност од тоа каде живеете. Најмногу пари за среќа им се потребни на жителите на Австралија и Нов Зеланд – 125 илјади долари, додека најскромни се јужноамериканците и жителите на Карибите.

Во Северна Америка за среќа се потребни 105 илјади долари, додека во Европа постои значителна разлика помеѓу западниот и источниот дел.

Во Западна Европа и Скандинавија за среќа се потребни 100 илјади долари, додека во источна Европа и на Балканот доволни се 45 илјади долари годишно.

Јасно е дека овие износи се разликуваат поради стандардот во државите. Овие суми се изразени за поединци, додека за семејства се потребни значително повеќе пари.

Кога една личност стигнува до точката каде што има доволно пари за да биде среќен, дополнителните приходи ќе резултираат со намалување на задоволството од животот, се наведува во студијата објавена од магазинот „Nature“.

Извор: А1он

фото: архива

Facebook Коментари