На 31 јануари ќе се случи феноменот „Крвава Месечина“

- Занимливо
1042

На 31-ви јануари ќе се случи феноменот  наречен „Крвава Месечина“ кој најдобро ќе може да се забележи во  Нов Зелан и во поголемиот дел од Австралија и Централна и Источна Азија, како и делови од Европа и Блискиот Исток.

Оваа појава уште се опишува како помрачување на сината супермесечина, односно ќе се случи лунарно помрачување кое ќе предизвика Месечината да добие црвена боја.

Ноќта на 31-јануари ќе се поклопат три небесни случувања, нешто што се нема случено повеќе од 150 години. Се очекува тоа да биде прекрасна ноќ за набљудување на Месечината.

Facebook Коментари