Новак Џоковиќ ќе отвори ресторан за бездомници

- Занимливо
926

Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ  уште еднаш покажа дека е многу повеќе од од врвен спортист. Тој во соопштението кое неговата прес служба го испратила до англиските медиуми изјавил дека планира да отвори ресторан за бездомници.

„Парите не се проблем за мене, заработив доволно, можам да ја нахранам цела Србија. Мислам дека тие ова го заслужуваат бидејќи секогаш ме поддржуваа„-стои во соопштението.

Се уште не е познато каде ќе се наоѓа ресторанот и како ќе функционира, но судејќи по изјавата на Ѓоковиќ, ресторанот за бездомици ќе биде отворен во Србија.

Инаку, Новак Ѓоковиќ веќе има два свои ресторани, еден во Белград и еден во Монте Kарло и често истакнува дека сака да се занимава со угостителство и да готви.

Познатиот тенисер моментално е на пауза која ќе трае до следната сезона, во овој период од животот тој е посветен на своето семејство и на зајакнување на менталната снага која е исто толку важна колку и физичката.

Facebook Коментари