Победникот на Евровизија Салвадор Собрал доби ново срце

- Занимливо
801

Португалецот Салвадор Собрал кој ја однесе победата на Евросонг и предизвика воодушевување кај публиката низ целиот свет доби ново срце. Би-би-си пренесе дека Собрал заздравува во болница по извршената трансплантација на срцето. Докторите изјавиле дека операцијата поминала успешно.

Хирурзите во болницата Санта Круз во Лисабон истакнале  дека 27 годишниот пејач се чувствува добро.

Салвадор Собрал долго боледуваше од срцето, а на Евровизија пееше само во полуфинале и во финале односно не одеше на проби поради својата здравствена состојба, а на пробите песната „Amar Pelos Dios“  ја пееше неговата сестра.

– Операцијата помина успешно – изјавил хирургот Мигуел Абекасис за португалските медиуми.

Заздравувањето се очекува да трае долго и доколку сè помине како што треба тој ќе има нормален живот.

Facebook Коментари