Семејство од Канада поминало 7000 километри за да го види Кирил Лазаров во Загреб

- Занимливо
1240

Загребска Арена на натпреварите во кои игра репрезентацијата на Македонија е полна со македонски навивачи од цела Европа и од целиот свет! Фотографијата која ја гледате  зборува сама за себе. Далечината не е никаква пречка за ова семејство од Канада кое поминало 7000 километри за да го види нашиот капитен Кирил Лазаров и да ги бодри нашите ракометари. Токму затоа, и самите ракометари многу често кажуваат дека поддршката од навивачите е од големо значење за играта на теренот. Оваа фотографија е вистински доказ за љубовта кон Македонија и желбата за победа која ни  ја остваруваат избраниците на Раул Гонзалес.

Фото: Петр Стојановски

Facebook Коментари