Сиан Рајан е светска мотивација за губење килограми – ова се нејзините совети

- Занимливо
887

Сиан Рајан е жена која сосема го трансформирала своето тело, таа успеала да изгуби 45 килограми , а за тоа влијание имало и тоа што ставила крај на врската со нејзиното момче во кое била многу вљубена. Нејзината емотивна состојба во комбинација со вишокот килограми ја натерале да започне со кардио вежби.

„Во својата најдебела фаза имав 120 килограми, носев број 26. Тогаш одлучив да се запишам во теретана која работи 24 часа дневно. Најпрво тренирав ноќе, за да не ме гледа никој затоа што се срамев од своето тело.“ – раскажува Сиан за “The Independent”.

Најпрво започнала со кардио вежби, деновите ги поминувала трчајќи на лента. Но, ја мразела таа вежба. Набрзо ги открила теговите и почнала со подигнување тежина.

„Кревањето тегови сосема го промени мојот процес. Се вљубив во тоа. Помислата дека станувам појака и поснажна многу ми се допаѓаше. Тогаш повеќе се фокусирав на зајакнување на мојата снага отколку на губење на вишокот килограми. “-се сеќава Сиан.

Со текот на времето започнала да внимава и на исхраната, а за луѓето со слични проблеми има само еден совет: да бидат умерени во се!

„Всушност, повеќе тежина изгубив кога јадев по 2000 калории отколку кога внесував  дупло помалку. Кога градите мускули вашиот метаболизам се зголемува, што значи дека трошите повеќе калории во текот на денот и дека можете да јадете повеќе. – изјавила Сиан.

На инстаграм таа има 35 000 следбеници на кои секојдневно се обидува да им ја пренесе пoраката дека клучот за губењето килограми е во доследноста и упорноста.

„Немојте да го изгубите моралот и верата само зато што не сте имале здрав ден. Сите мои лоши денови ги изградија оние добрите.“ – заклучува Сиан

 

Facebook Коментари