(ВИДЕО):Во програмата на РТРС на тема „Работа на црно“ се вклучи новинарка која како хонорарец работи две години токму во РТРС

- Занимливо
845

Емисијата „Српска Данас“, емитувана на десетти октомври на телевизискиот програм РТРС во која имаше гости кои дебатираа на тема „Работа на црно“ дефинитвно ќе остане запаметена. Директно во програмата се вклучи новинарка која на гостите им кажа дека веќе две години е хонорарец во РТРС.

Во видеото подолу  новинарката вели:

-„Дали знаете дека во телевизијата на која гостувате има толку нерегуларности, посебно оние кои се однесуваат на хонорарните работници кои повеќе од две и половина години потпишуваат договори за привремена и  повремена работа кои инаку смеат да се потпишуваат односно на основа на кои смее да се работи само 90 однсно 60 дена во годината, а ние работиме и по 8-9 години? Конкретно во мојојт случај две ипол години“

На прашање на водителот како се вика новинарката, таа кратко одговара:

– Јас сум Ваша колешка. Ви благодарам Марко што ми овозможивте да се вклучам во програмата.

Facebook Коментари