За светскиот ден на поезијата Митко Гогов ќе гостува во Романија

- Занимливо
832

Со две поетски читања на 21 и 22 март во градовите Букурешт и Галати, македонскиот поет Митко Гогов ќе настапи во интернационалната програма која е дел од настанот посветен на Светскиот ден на поезијата.

Настанот е насловен „Поетски – преку Дунав во Букурешт“, додека: „Доаѓаме со поезија на брегот на Дунав, кадешто ја вадиме од турбулентните води, па дури и светскиот ден на поезијата го префрлвме во Галати со помош на поетсата Флорина Захарија и потоа ќе се упатиме кон Букурешт, без да мора да одиме бреговите на колотентот и дамбовита, но ќе одиме директно во Букурешката метрополитенска библиотека. Сето ова го прифаќаме со елан, со нас носиме поезија, пиеме поезија, кажуваме поезија на бугарски, романски, македонски и англиски јазик, за да бидеме, за да истраеме, за да ја збогатиме душата.“ – стои во официјалната покана упатена до медиумите и гостите.

На одбележувањето на Светскиот ден на поезијата во Романија освен Митко Гогов од Македонија ќе учествуваат и Евелина Митева од Бугарија и Том Едвард Филипс од Велика Британија.

Mитко Гогов е концептуален уметник, поет и граѓански активист роден 1983-та година во Скопје, Македонија. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, USA, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија… Актуелен со неговата стихозбирка Ледена вода издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014).

Strugaonline

 

Facebook Коментари