Занимливости за Народна Република Кина

- Занимливо
2523

Кина е држава со најмогу население во светот. А уште поинтересен е фактот дека секој петти човек на планетата е кинез. Кина уште има и најголема копнена граница и најраспространета железничка мрежа на светот. Во Кина има повеќе христијани во однос со Италија, тамо има повеќе народ што зборува англиски отколку во Америка. Белата боја е симбол на смртта и затоа жените во кина за венчаници ја одбираат црвената затоа што е боја на среќата.

Тринаесет е баксузен број, кинезите се до толку суеверни што на зградите немаат ознаки со бројот 13, туку го заменувале со 12А.

Кинескиот sид е градба што се гледа од вселената.

Иако се познати по нивните деликатеси, во последно време одбиваат да јадат кучиња и мачки затоа што им биле по мили како миленичиња. од друга страна и Кинезите како и Македонците го јадат прасечкото месо. Дневно во Кина се јаде и до 2 милиони прасиња.

За тоа колку била Кина напредна пред повеќе од илјада години, од европа во средниот и новиот век, може книга да се напише. Така да Кинезите пред повеќе од две илјади години употребиле прв пат хемиско оружје. Негде во тој период го измислиле децималниот систем.

Први користеле железен плуг, водено тркало, механички сатови па дури и некоја верзија на фудбал (играта грубо се викала “шутни ја топката”)

Во 130 год. пред нашата ера измислиле инструменти за пратење на земјотреси.

Древните кинески цареви користеле тоалетна хартија.

Имале сладолед кој доста се консумирал, уште во 2000 год. пред нашата ера а го правеле од снег , млеко и ориз, а од солената риба правеле сос сличен како денешниот кечап, и го викале “ke-tsiap”.

И секако еден од најинтерсните атракции покрај кинескиот sид, е војската од Теракота која се состои од околу седум илјади глинени војници. Секоја фигура е единствена и посебна а пронајдени се во гробницата од првиот кинески цар “Cin S huanga” кој во 221 год. пред нашата ера ја обединил и соединил Кина.

Мапа докажува дека Кина ја открила Америка уште пред Колумбо?

Кина официјално признава 56 различни народности од кои најголемата ја претставуваат Ханците кои сочинуваат околу 91,51% од вкупното население.Во Кина се зборуваат 292 јазици.

Според националниот попис од 2010 година во Народна Република Кина живееле 1,370,536,875 жители. Околу 16.60% од населението било на возраст од 14 години или помлади, 70.14% биле помеѓу 15 и 59 години, и 13.26% биле над 60 години. Стапката на раст на населението за 2013 година е проценета на 0.46%.

 

 

 

 

Facebook Коментари