Занимливости за земјата на изгрејсонцето, Јапонија

- Занимливо
3724

Јапонија (јапонски 日本, нипон или нихон) е островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот океан. Јапонија има население од 127.333.002 жители. Главен град е Токио.

Територијата на Јапонија е поделена на региони. Јапонија се состои од четири главни острови и голем број на помали острови. Најголемите и главни острови се, од север кон југ,Хокаидо (北海道), Хоншу (本州, најголемиот остров), Шикоку (四国), и Кјушу (九州). Исто така Јапонија се состои од 6 800 острови со брег од 100 метри или повеќе. Хоншу, убедливо најголемиот и најнаселениот остров во Јапонија, е поделен на пет региони. Другите острови не се поделени на подрегиони, па така секој претставува еден регион.

 

 

Јапонија со своите 127.333.002 жители  е 16-та најгусто населена земја во светот што значи дека двајца од сто се Јапонци. Во јапонија живеат преку 50.000 луѓе со над сто години.

Најстарата фирма на светот почнала со работа токму во Јапонија 578 п.н.е. и функционирала се до 2006 год.

Јапонците имаат толку низок наталитет што годишно се продаваат повеќе пелени за возрасни отколку бебиња.

Спиењето на работа во Јапонија не само што е дозволено туку тоа е и добар знак и значи дека сте уморни од работата и дека сте посветени на она што го работате.

Во Јапонските школи нема хигиеничарки затоа што училиштето го чистат учениците и професорите, и се смета дека секој е должен да си чисти зад себе, и за себе.

Во Јапан се случуваат околу 1500 земјотреси годишно. Јапонките се опседнати со диети и брендови. Јапонија има најголема стапка на анорексија во светот.

Јапонците имаат најлош вид во светот, скоро 40% од населението носи наочари или контакни леќи.

Јапонците се прилично срамежливи и тешко ги изразуваат своите чувства. Во Јапонија има во просек само две убиства годишно од огнено оружје.

Еден Јапонец кој го преживеал потонувањето на Титаник, во Јапонија го прогласиле за кукавица, затоа што не останал на бродот да умре со останатите жртви.

Јапонската влада изградила ограда околу вулканот на планината Михара за да спречи околу 2000 луѓе од самоубиство, скокајќи во вулканот. За црните мачки тамо се смета дека носат среќа.

Јапонците се големи гурмани, 40% од храната која се јаде во Јапонија е произведена токму тука. Во Јапонија секоја година се фрла околу 23.200.000 тони храна а тоа е пет пати повеќе храна, од тоа што се собира за помош на гладните во светот.

Во Јапонија возовите достигнуваат брзина и до 300км. Мобилните телефони служат како кредитни картици и преносна телевизија. Некои од рестораните запослуваат роботи.

Jапонските “hi-tech” тоалети поседуваат греачи за задникот, даска која се отвара и затвара автоматски, итн… И покрај овие “hi-tech” тоалети во јапонија се и понатамо најпопуларни чучавците.

Водата од чешма е бактериолошки исправна и може да се пие. И покрај квалитетната вода Јапонија годишно  увезува околу 580,000 литри минерална вода од Европа, што отприлика е 1.160.000 шишиња со вода.

Преку 220.000 луѓе погинале во текот на бомбардирањето на Нагасаки и Хирошима во втората светска војна, а поради тоа и Јапонија  ја напушти воената традиција.

Модерната Јапонија може да се проследува низ 8 категории: карактер, Токио, храна, технологија, вода, суши, љубов, и самоубиство.

 

 

 

 

 

 

 

Facebook Коментари