Истражување: Кафето ни помага да се разбудиме – вистина или заблуда?

- Здравје
1077

Kофеинот делува на слаткото чувство во устата и предизвикува потреба за уште повеќе слатки задоволства, покажало најновото британско истражување.

Во студијата учествувале две групи составени од волонтери, едните пиеле кафе со кофеин, а другите кафе без кофеин, но не им било кажано какво напиток  конзумираат. И двете групи додале шеќер  па потоа ја оценувале „слаткоста“ на кафето и вкусот.

Оние кои пиеле кафе со кофеин, кафето го оцениле како помалку слатко.  Потоа оценувале колку кафето им помогнало да се расонат и колку кофеин има во нивниот напиток. Во суштина, и едните и другите волонтери биле речиси еднакво расонети, а само неколкумина од нив не успеале приближно да погодат колку кофеин внеле во организмот.

Покрај тоа што кофеинот го „уништува“  слаткиот вкус, па потребен ни е повеќе шеќер, што значи имаме потреба од десерт, резултатите од ова истражување укажуваат на тоа дека кафето има „пласибо“ ефект и дека сме еднакво будни и без него.

Facebook Коментари