Истражување: Каква е врската помеѓу депресијата и исхраната без месо?

- Здравје
1121

Невролозите од американскиот институт за злоупотреба на алкохол и лекарите од Универзитетот во Бристол испитувале дали постои врска помеѓу исхраната без месо и депресијата.

За да дојдат до релевантни резултати испитувале 311 вегетаријанци и 39 вегани. Освен исхраната, тие анализирале и други околности кои можат да делуваат на човековата психа како што се ситуациите на работното место, семејната состојба, бројот на деца и други.

Резултатите покажале дека вегетаријанците и веганите се значително повеќе  изложени на ризик од депресија за разлика од луѓето кои конзумираат месо. Научниците претпоставуваат дека ова се случува поради недостаток на витаминот Б12.

Кај повеќето испитацини бил забележан недостаток на овој витамин кој го има во намирници од животинско потекло како што се риба, месо, млечни производи и јајца.

Иако Б12 има и во печурките, киселата зелка, и во алгите, веганите често не успеваат да исконзумираат доволно витамун Б12

Недостатокот на овој витамин се манифестира со умор, слаба концентрација, потиштеност, а во некои случаи и со психози.

Иако испитаници во истражувањето биле само мажи, научниците потврдиле дека истото важи и за жените.

Авторите на студијата не исклучуваат и обратен причинско-последичен ефект, односно сметаат дека е можно луѓето кои се склони кон депресија да избираат да бидат вегани или вегетаријанци.

Сепак, ова не значи дека луѓето кои не јадат месо мора да ја променат исхраната бидејќи научно е докажано дека вегетаријанскиот начин на исхрана има низа бенефити. Но, неопходно е да внесуваат доволно количество на витамин Б12 во организмот.

Facebook Коментари