Истражување: Пешачењето може да го замени вежбањето доколку почитувате правила

- Здравје
1017

Mногумина од нас се бават со спорт, одат во теретана или држат диета. Меѓутоа, низа истражувања докажуваат дека секојдневните прошетки не се помалку ефикасни во борбата со вишок килограми. Но, доколку прошетките се вашата единствена активност и ако истите треба да го заменат вежбањето треба да се придржувате кон одредени правила. Од круцијално значење на пример , е брзината со која чекорите. Докажано е дека прошетките со бавно темпо не даваат никакви резултати, а и долгите чекори можат да ви бидат сојузник во слабеењето и сите други бенефити кои би ги имале од пешачењето.

На денешните паметни телефони постои апликација која ги брои вашите чекори, искористете ја за да знаете со колку направени чекори во текот на денот сте успеале да постигнете некој резултат бидејќи слабеењето е индивидуален процес. Доколку имате здравствени проблем, препорачливо е темпото на пешачње како и должината на прошетката да ја одреди вашиот лекар. Прошетките треба да ги практикувате редовно.

Еден „тренинг“ неделно нема да ви го донесе саканиот резултат. Ако не сте во можност да пешачите секојдневно, обидете се тоа да го правите барем два до три пати неделно. Можете да шетате во кое било време од денот, но важно е тоа да биде еден или еден и половина час после оброк.

Facebook Коментари