Истражување: Постепеното откажување од цигари не е добра тактика – оставете ги одеднаш

- Здравје
1568
Многу истражувања се спроведени на тема – откажување од цигари. Некои сметаат дека тоа е индивидуален процес, а други сметаат дека постојат универзални механизми кои ќе ви помогнат да се откажете од оваа штетна навика.

Резултатите од студијата која е спроведена на Оксфорд покажува дека наглото оставање на цигарите навистина е најдобар начин да се откажете од оваа лоша навика.

За време на истражувањето, научниците дошле до заклучок дека пушачите кои одеднаш ги оставаат цигарите имаат дури 25 отсто шанса да не пушат ни по четири недели, но и 42 отсто повеќе шанси да не запалат цигара ни во следните шест месеци. Тоа, за жал не важи за оние кои постепено ги намалуваат цигарите, со надеж дека ќе ги остават еден ден.

Според појаснувањето од истражувачите,  лицата кои ги намалувале цигарите потешко се одлучувале дефинитивно да престанат со пушење, но таа пракса воедно ја зголемува потребата за цигари.

Една година откако ќе престанете да пушите, ризикот од кардиоваскуларните болести се намалува за 50 отсто, а десет години откако ќе ги оставите цигарите се намалува и ризикот од воспаление на белите дробови. Овој податок треба да биде мотив за да успеете во таа борба, односно да не подлегнете на искушението за палење нова цигара.

За откажување од цигарите постојат и повеќе книги кои се сметаат за мотиватори и советувачи за тоа како да се справите со потребата од никотин. Се што ви треба е добра мотивација и одлука дека цигарите нема да бидат дел од вашето секојдневие.

Facebook Коментари