Kакао во есен – напиток кој значи здравје и уживање

- Здравје
2784

Нема ништо подобро од шолја топло какао за време на студен и дождлив есенски ден.

Овој пијалак нема да го задоволи само вашето сетило за вкус, туку ќе му донесе  корист и на вашето тело.

Какаото го подобрува расположението.

Какаото и чоколадото се многу корисни за менталниот и физичкиот развиток, многумина ги нарекуваат антидепресиви. Доколку наутро се одлучите за какао, овој напиток ќе ви даде енергија, а во вечерните часови може да послужи како напиток за ублажување на стресот и уморот.

Какаото ја подобрува меморијата.

Истражувањата покажуваат дека овој вкусен напиток го намалува ризикот од деменција и делува директно на структурата и функцијата на мозокот. Какаото ги штити мозочните неврони од оштетување и го подобрува метаболизмот.

Какаото ги зајакнува крвните садови

Какаото помага да се стабилизира или намали крвниот притисок, ги зајакнува крвните садови и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Но, не се препорачуваат повеќе од две шолји какао дневно, бидејќи содржи шеќер и заситени масти.

Какаото помага во борба против дебелината

Американските истражувања откриваат еден интересен податок: иако какаото има повеќе калории од чајот и кафето, неговото конзумирање не дебелее. Факт е дека дури и неполна чаша како ќе ви предизвика чувство на ситост, така што потоа би изеле помал оброк. Какаото го спречува прејадувањето.

 

Facebook Коментари