Научниците потврдуваат дека во есен и зима се зголемува апетитот – што е есенска депресија?

- Здравје
130

Доколку доаѓањето на есента ви предизвикува меланхолични и депресивни чувства бидете сигурни дека не сте единствени. Напротив, во светот се повеќе луѓе страдаат од есенска депресија. Уште во 1987 година Американската психијатриска асоцијација официјално ја  регистрира оваа душевна состојба како сезонско афективно растројство. Ваквата состојба најчесто започнува во месеците октомври и ноември, па продолжува во текот на зимата. Освен со повлеченост, повеќе желба за спиење се карактеризира и со зголемен апетит.  Познато е дека депресивните состојби предизвикуваат нарушување во комуникацијата меѓу невроните, што се должи на нерамномерноста на трите вида хемиски соединенија во мозокот – норепинефрин, серотонин и допамин, кои ги емитуваат електричните сигнали помеѓу клетките. За да се постави дијагноза сезонско афективно растројство, потребно е да има присуство на карактеристични симптоми во текот на последните две години во наведеното време, и  во пролет и лето нив да ги нема.

Facebook Коментари