Со овие трикови држењето диета е многу полесно

- Здравје
976

Сите кои некогаш биле на диета знаат колку тој процес знае да биде макотрпен барајќи време и волја. Но, постојат неколку трикови со кои без напор ќе го решите проблемот со вишокот килограми.

Големи тањири и чаши

Колку и да звучи апсурдно, големината на приборот за јадење е многу важен од психолошки аспект, бидејки во помали тањири порциите изгледаат поголеми, а во поголемите тањири и чаши имаме чувство дека има повеќе течност.

Алкохол = калории

Не е тајна дека алкохолните пијалаци ја зголемуваат телесната тежина, но некои имаат помалку, а некои повеќе калории. Доколку сте на диета би требало сосема да го одбегнувате алкохолот, но доколку сакате да се напиете една чаша, проверете колку калории има пијалакот кој сте го избрале.

Огледало на фрижидер

Една студија открила дека чувањето огледало во кујна помага кон остварување на целта да јадеме помалку и да се храниме здраво. Пред да одлучите да нарачате пица или некое висококалорично јадење од ресторан за брза храна, погледнете во својот одраз од огледалото и прашајте се дали го сакате тоа.

За време на оброците размислувајте!

Нутриционистите тврдат дека размислувањето за храната помага во процесот на слабеење и дека нудат трикови кои би помогнале да јадете поспоро и така да внесете помалку храна во организмот. Гледајте ја храната која ја јадете, замислувајте ја , не правете ништо друго за време на оброкот.

 

Facebook Коментари