Честото искажување емоции преку прегратка може да го намали ризикот од болести на срцето, да го ублажи погубното чувство на стрес , прегрнувањето може да не ослободи од умор, го подобрува имунитетот и ги ублажува симптомите на депресија.
Кога се прегрнуваме се лачи хормон окситоцин кој го намалува стресот во мозокот. При тоа се намалува крвниот притисок, се победува заморот и се намалува можноста за инфекции во организмот.
Нашата кожа е составена од нервни завршетоци кои чувствуваат колкава е моќта на прегратката. Тие нервни завршетоци испраќаат сигнали до мозокот и срцето.
-Позитивното емоционално искуство кое се стекнува преку прегрнувањето ги зајакнува позитивните биохемиски и физиолошки реакции – тврди доктор Џон Асторм, автор на студијата објавена во магазинот Comprehensive Psychology.
Ваквата физичка реакција подразбира подобрување на друштвените вештини и ја зголемува довербата.
Facebook Коментари