3-годишно девојче изгоре во пожар во струшко

- Хроника
1113

Во струшко Ново Село, вчера, околу 11 часот, во куќа сопственост на 32-годишно лице, од засега непознати причини настанал пожар. Во куќата била три годишната ќерка, која се здобила со изгореници.

Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во струшката Општа болница, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирано во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата му се влошила, по што девојчето било пренесено во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14.20 часот починало.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со Јавен обвинител телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб.

Извор: Оhridnews

 

Facebook Коментари