33-годишен стружанец кривично ќе одговара за производство и пуштање во промет на наркотични дроги

- Хроника
378

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Ѓ. (33) од Струга.

На 30 мај годинава, при извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се една паковка и една кеса со непозната тревкаста материја и еден шприц со непозната темна течност. Дополнително, полициските службеници пронајдоа уште една кеса со единаесет шприцови со непозната темна течност, додека во дворот од куќата на пријавениот, забележани се уште шест паковки со тревкаста материја.

Пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка а по добиено вештачење, утврдено е дека тревкастата материја преставува опојна дрога Марихуана, со нето маса од 37,58 грама додека темната течност во шприцевите е Хашиш-смола со вкупен волумен од 203,5 милилитри.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари