64 годишен Охриѓанец се обидел да прегази полицаец

- Хроника
1156

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С. (64) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 14-ти минатиот месец околу 9 часот на кеј „Македонија“ во Охрид каде го управувал својот патнички автомобил марка „Фолксваген Пасат“ по еднонасочната улица, но во спротивен правец. Забележувајќи го прекршокот, униформираниот полициски службеник на возачот му дал соодветен знак да го запре автомобилот. Наместо тоа, пријавениот го насочил автомобилот директно кон него и значително ја зголемил брзината на движење. Забележувајќи го тоа, полицискиот службеник отскокнал во страна и така успеал да го одбегне ударот од автомобилот.

Пријавениот  возач избегал од местото на настанот.

Извор: СВР Охрид

Фото: архива

Facebook Коментари