Кривична пријава за Охриѓанец кој во својот дом чувал детонаторски каписли

- Хроника
931

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, криминалистичката полиција при СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (59) од Охрид.

При извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени седумдест иницијални каписли што сега пријавениот неовластено ги поседувал. По извршено вештачење со анализа на експлозивни средства во Министерството за внатрешни работи во Скопје,  утврдено е дека тие  претставуваат детонаторски каписли.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

Facebook Коментари