Кривична пријава за тешка кражба заработи 22 годишен Охриѓанец

- Хроника
925

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот јануари-март оваа година од куќа на улицата „Дејан Војвода“ сопственост на С.М. од Охрид. Тој, во доцните ноќни саати, со подесен алат насилно ја отстранил заштитната метална решетка од прозорецот во приземјето на куќата но, не успеал да влезе. Потоа, со подесниот алат и насилно, успеал да ја отвори заштитната метална решетка од влезната врата по што, делувајќи врз бравата, ја отворил и влезната алуминиумска врата. Откако влегол во куќата, извршил пребарување и одзел: три детски велосипеди, една машина за перње алишта, три шлајферици, еден апарат за заварување, една хилта, десет столови, една стаклена маса, една машина за миење садови, една вградена релна, една микробранова печка и разновиден кујнски прибор. Потоа, од горниот кат на куќата одзел еден 1 ЛЦД телевизор и четири собни врати. На тој начин, пријавениот С.И. се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари