Млада стружанка повредена во сообраќајна незгода во Скопје

- Хроника
324
На 20.12.2018 годинa во 01,40 часот било пријавено дека на крстосницата од улица “Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица “Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од Е.З.(22) од Скопје и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.З.(23) од Скопје.-информираат од МВР
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “Фолсваген голф“ Ф.З.(18), а со телесни повреди се здобила сопатничка од истото возило А.Ш.(20) од Струга, како и Е.З. констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот.
Извор: МВР
фото: архива

 

Facebook Коментари