Почина познатиот актер Ванчо Петрушески

- Македонија, Хроника
2295

Доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски денеска трагично го загубил животот. За оваа тажна вест, преку својот Facebook профил јавноста ја информираше актерот Сашо Тасевски.

Популарниот актер Ванчо Петрушевски почина на 67- годишна возраст, роден е во Скопје каде по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Познат е по многубројни улоги во телевизиски серии и драми, народни приказни, радио-драмски проекти и друго. Неговата плодна кариера во 2016-та година му ја донесе и  Државна награда „11 Октомври“  за остварување во областа на уметноста и културата.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари